Русија и Турција, без оглед на инцидентот со соборениот во Сирија руски авион Су-24, остануваат две важни земји во регионот, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу за телевизија Al Jazeera Türk.

20160504.smbtydsckq (1)

“Нашата линија на однесување останува како претходната. Русија и Турција секогаш биле соседи. Сега ние пак сме две важни земји во регионот. Ние си требаме една на друга. Инцидентот со авионот не беше акција, насочена против Русија “- ја цитира изјавата РИА Новости.

Давутоглу го коментирал прашањето на телевизиската новинарка дали е можно сценарио, каде што Русија може да застане против влегувањето на турски војници во Сирија и да почне да ги бомбардира турските војници од воздухот.

“Тоа не точно сценарио. Овие земји не се руски. Русија е постојан член на Советот при ОН. Одлуките на ОН за борба против ИД се познати. Тука станува збор за нашата национална безбедност. Ние не сакаме да влегуваме во конфликт со ниту една земја, вклучувајќи со Русија.

Ние пред тоа имавме добри односи, но сакаме тие да се добри и во иднина. Но кога работата влијае на националната безбедност, ние за нејзиното обезбедување ќе ги преземеме сите неопходни мерки. Тука Русија не се соочува со закана од ИД, туку Турција “- изјави премиерот.

Инцидентот со рускиот авион Су-24 се случи на 24 ноември 2015 година, кога беше соборен во Сирија од турски борбен Ф-16.

Слични содржини