Де Роси: Јувентус нема слаба точка

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Рома Даниеле Де Роси смета дека Јувентус повторно е фаворит за освојување на титулата во Серија А, бидејќи според него шампионot на Италија немаат слабо место во играта. “Јувентус нема слаба точка.

 

Тие се многу силни во одбраната и делуваат многу организирано и во другите линии. Нема да биде воопшто лесно на ниеден тим против нив”, коментира 33-годишниот фудбалер на “волците”.

На прашањето дали би се радувал  на друг тим како  на Наполи  на пример да ја освои титулата во Италија еден од лидерите на тимот е категоричен: “Во никој случај. Не освои ли Јуве, би сакал ние да го направиме. Тешко е да се натпреваруваме со нив, но ние ќе се обидеме. Сакам да се обидам да стигнам до оваа цел во наредните две години “, додава полудефанзивецот кој потпиша нов договор кој го обврзува со клубот до летото 2019 година

Де Роси споделува и за отсуството на поранешниот напаѓач и капитен на Рома, Франческо Тоти, кој стави официјално крај на спортската кариера, откако игра 25 сезона во дресот на Рома. “Треба да продолжиме напред, иако сè ќе биде поинаку без него. Тој е неверојатен пријател “, смета играчот.

Слични содржини