Дечкото ја пречека Ариана Гранде дома

од Vladimir Zorba

Младата пејачка Ариана Гранде се прибра дома ден по терористичкиот чин во Манчестер по нејзин концерт, во кој загинаа 22 лица, а над 60 беа повредени.

23-годишната пејачка слета со приватен авион во родниот град Бока Рато, Флорида. Таа беше поздравена од своето семејство, по што падна во прегратките на своето момче – раперот Мек Милер.

Аријана слезе од авионот во дневна облека и во видливо тажно расположение. Таа брзо беше одведена од локалниот аеродром со автомобил кој беше придружуван и од полиција.

Гранде сподели со своите фанови на социјалните мрежи дека е шокирана од нападот и од сето срце изразува сочувство за жртвите и нивните блиски. “Многу ми е жал, само немам зборови”, рече таа.

Слични содржини