Дедо со автомобил удри во девојка на велосипед

од desk2

 

Дваесет и петгодишна девојка од Скопје е тешко повредена откако во неа удрил автомобил кој го управувал 80-годишен старец. Девојката била на велосипед.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 20 и 30 часот на булевар Кочо Рацин кога автомобил „опел астра“ управуван од Ј.С.(80) од Скопјe удрил во А.Т.(25) од Скопје, која се движела со велосипед. Девојката со тешки повреди била пренесена во градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полицијата извршила увид на местото. Засега нема информации како дошло до несреќата.

Слични содржини