Дефектот е саниран, центарот на Скопје доби парно

од desk2

Испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во општината Центар, кои утрово останаа без греење поради дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа, е нормализирана.

„Екипите на Дистрибуција на топлина ‘Балкан енерџи’ иако успеаја да ја нормализираат испораката на топлинска енергија, во текот на вечерните часови и ноќта ќе продолжат да работат за целосна санација на дефектот на магистралниот вод“, соопшти компанијата.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.

Слични содржини