“Дејли мирор”: Дали пак ќе има предвремени избори во Англија?

од Vladimir Zorba

Лидерот на опозициските британски лабуристи Џереми Корбин ќе се обиде да го наметне прашањето за нови парламентарни избори, откако ги подобри позициите по гласањето од 8 јуни, на кој премиерот Тереза ​​Меј го изгуби апсолутното мнозинство во парламентот, соопшти британскиот весник “Дејли мирор”.

Корбин изјави за таблоидот дека според него е “неразумно” Меј да остане на власт, откако таа “изгледа не постигнала договор со Демократската унионистичка партија (ДУП) две недели по изборите”.

Со 317 места од 650-те, Конзервативната партија на Тереза ​​Меј веќе треба да смета на поддршката на десеттемина пратеници од малата северноирска ултраконзервативна ДУП за да стигнат до апсолутно мнозинство во Долниот дом.

До моментов нема најавен договор меѓу двете партии, кои продолжуваат да преговараат. Можно е владата да претрпи неуспех на гласањето на доверба кој е закажан за 29 јуни.

По претставувањето на законодавната програма на Владата на 21 јуни Џереми Корбин изјави дека е подготвен да ја замени Тереза ​​Меј на премиерската функција. Подготвени сме да направиме една малцинска влада, ако оваа влада падне, што може и да се случи “, изјави тој пред пратениците.

Во петокот Корбин за прв пат ја надмина Меј во анкетите на прашањето кој ќе биде најсоодветен за премиер. 35 проценти од испитаниците го поддржаа Корбин, а 34 проценти – Меј. Истражувањето на ЈУГав беше извршено на 21 и 22 јуни меѓу 1.670 лица.

Слични содржини