Дел од осомничените за насилствата во Собранието изведени пред суд

од Vladimir Zorba

Деветмина од осомничените за насилствата во македонското Собрание што се случија на 27 април, денеска ќе бидат изведени пред Кривичниот суд. 

Тие се товарат за учество во топла што ќе стори кривично дело и учество во топла што ќе спречи службено лице во вршењето на службени дејства.

За насилствата во Собранието осомничени се 30-тина лица од кои на поголем дел им се изречени мерки на претпазливост, на дел куќен притвор, а двајца, односно татко и син, се во притвор за обид за убиство.

Досега во Основното јавно обвинителство искази за случувањата во Собранието дадоа повеќемина пратеници, меѓу кои и лидерот на СДСМ и нов мандатар Зоран Заев и потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, а вчера исказ даде и претседателот на Парламентот Талат Џафери.

Во настаните на 27 април беа повредени неколкумина пратеници меѓу кои најтешко лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.

МВР соопшти дека работи на пронаоѓање на сите осомничени лица и на целосно расчистување на настаните.

Слични содржини