Дел од српските опозициски партии ја бојкотираат работата на Собранието

од Vladimir Zorba

 

Лидерот на српската опозициска партија Доста беше (ДЈБ), Саша Радуловиќ денеска најави дека дел од пратениците од опозицијата ќе ја бојкотираат работата на Народното собрание на Србија, со барање собраниската претседателка Маја Гојковиќ да го почитува Деловникот и да свикува заседанија во согласност со правилата. 

Радуловиќ порача дека ова претставува „предупредувачки бојкот“, додавајќи дека опозициските пратеници што го поддржуваат нема да дозволат „непочитување и омаловажување на Собарнието“.

Тој нагласи дека покрај ДЈБ, собраниската седница ќе ја бојкотираат и пратениците на Демократската партија (ДС), на Двери, на Социјалдемократскиот сојуз (СДС) и на Либерално демократската партија (ЛДП)

Слични содржини