Дела на уметници од Грција во Остен

од Vladimir Zorba

Вечерва, со почеток во 20,20 часот  во галеријата на Остен, во рамките на Офф- програмата на Остен ќе се отвори изложбата на двајца уметници од Грција, Харис Кондосфирис и Кристина Ѕани.

Кондосфирис и Ѕанис веќе учествувале на Биеналето на цртеж Скопје 2016 и беа застапени во каталогот со свои репродукции.

Харис Кондосфирис е роден 1965 год, а живее и работи во Лерин, Грција. Студирал филмска режија и ликовна уметност. Учествувал на меѓународни проекти во повеќе европски земји, а бил и претставник на Грција на 26 Биенале на Сао Паоло, Бразил (2004) и улествувал на Биеналето на Пекинг (2005) и на биеналето во Солун(2009).

Реализирал 23 самостојни изложби а учествувал и на повеќе групни изложби во Грција и странство.

Бил професор по ликовна уметност во Одделот за пластични уметности при Универзитетот во Јанина(2007-2010), а во моментот е соработник – професор на визуелни и применети уметности на Универзитетот на Западна Македонија, Лерин од 2010 год.

Кристина Ѕани е родена 1985 во Атина, Грција .Дипломирала на факултетот за ликовни уметности.

Досега имала многу самостојни изложби а учествувала и на повеќе групни изложби.

Делата на Ѕани можат да се најдат во јавни и приватни уметнички збирки во Грција и во странство. Таа во моментов живее и работи во Кардица, Грција./МИА

Слични содржини