Делави: Време е граѓаните на Косово да најдат решение, а не странците

од desk2

Американскиот амбасадор во Приштина Грег Делави изјави дека дошло време граѓаните на Косово да го пронајдат решението, а не да чекаат тоа за нив да го сторат странците.

– Мислам дека она што треба да го видиме е решение за Косово. Математиката е неприкосновена. Имате три групи, од кои секоја има приближно една третина пратеници. Јасно е дека треба да има некаков компромис и дека мора да постои компромис, кој доаѓа од страна на граѓаните на Косово, а не компромис од странците, изјави Делави за КТВ.

На прашањето што е неопходно да се стори, со оглед на тоа дека т.н. воена коалиција која е собрана околу Демократската партија на Косово, која победи на изборите, нема парламентарно мнозинство, тој изјави дека смета ои навистина е важно сите косовски политичари да пронајдат начин да ги постават интересите на својата земја на прво место, а не своите семејства и политичките партии.

– Навистина е важно Косово да има собрание, Косово да има влада. Светот едноставно нема да чека Косово да се пронајде себе си. Светот се движи напред и Косово исто така треба да оди напред. Јас би ги поттикнал сите политичари да пронајдат начин да ги застапуват интересите на граѓаните на Косово, додаде тој.

Продолжението на конституивната седница на косовскиот парламент е закажана за в понеделник во 10 часот. На дневен ред ќе биде изборот на претседател и пет потпретседатели на законодавниот дом. Тој исто така напомена дека моментално дошло до застој во дијалогот меѓу Белград и Приштина и ги охрабри двете страни да продолжат со тој процес.

– Не знам што точно претседартелот на Србија Алексадар Вучиќ има во план, но секако ми е драго да слушнам кога говори за компромис и прифаќање на реалноста, рече Делави

Слични содржини