Демо снимка од песна на Макартни и Ленон продадена на аукција за околу 24.000 долари

од Vladimir Zorba

 

Аудио запис со првичната верзија на песната „It’s for you“ на Пол Макартни и Џон Ленон, која била напишана од Битлси за пејачката Сила Блек, е продадена на аукција за 23.800 долари.The-Beatles@_0

Демо снимката која трае помалку од две минути му е предадена на лондонскиот театар „Паладиум“ во 1964 година.

На почетокот на август минатата година, 72-годишната Сила Блек почина од мозочен удар. Роднина на пејачката ја пронашол снимката и на почетокот бил убеден дека записот е на Блек. Тој ја однел на проценка во продавницата на Битлси во Ливерпул и при преслушувањето бил препознат гласот на младиот Макартни. На тој начин е пронајден записот, кој се сметал за загубен.

Слични содржини