Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, на денешната последна седница на Собранието на Република Македонија предложи да се расправа и донесат измените на Законот за заштитени сведоци и Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконито следење на комуникациите, при што нагласи:

pavle-685x320-300x140
“Парламентот треба да се надмине и да се ослободи од партиските стеги и да обезбеди услови за работа на сите институции вклучително и на СЈО. Македонија е криминализирана и со криминалот, со ова зло кое разорно делува, мораме да се справиме.

Имаме обврска да создадеме услови да се расчисти масовното прислушкување и навлегување во приватноста на граѓаните, кршењето на изборните правила и сериозните сомневања за вклученост во тежок криминал на сите оние кои неодамна Ѓорге Иванов ги аболицираше.”

Трајанов нагласи дека криминалот не може да се покрие со избори и најави “војна” по 11-ти декември.

За предлозите на Трајанов гласаа 50 пратеници од сите партии и независните пратеници, а против беа 57 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

Слични содржини