По одлуката за самостоен настап Демократскиот сојуз и раководството на партијата на чело со лидерот Павле Трајанов тргнаа на директни контакт со членството и симпатизертите на партијата. Тие деновиве  со активно средби и трибини на актуелни теми во повеќе градови. По средбите во скопските организации вчера тие беа во Прилеп а денеска во Велес.

????????????????????????????????????

„Не сме загрижени за пишувањата по медиумите за некакви притисоци врз нашето членство, нам ни требаат најсилните и непоколебливите да бидат околу нас, и тие се тука  во Демократскиот сојуз. Се сомневам дека ќе има предавници или некои кои би биле купени од ефтините за еднократка употреба понуди од власта,  но давидиме и кој ќе биде купувачот и купениот, па ќе коментираме, како и секогаш  директно , јавно  пред сите“, велат фронтмените на ДС

dsss

Вечерва , претседателот на Деморкатски сојуз, Павле Трајанов, ги посети членовите на ДС во Велес, при што обраќајќи се пред присутните нагласи: „Демократскиот сојуз е демократска партија, која ги застапува автентичните интереси на граѓаните и која докрај ќе инсистира на одговорност од тие што го кршат Уставот и законите и се богатат злоупотребувајќи ја добербата на граѓаните.“

Трајанов зборуваше и за социјалната состојба и нагласи : „Да не се лажеме, со 150 евра месечна плата не може да се прехрани семејство, при што е неопходно минималната плата да биде 300 евра. Во спротивно за 2-3 години Македонија ќе се испразни и ќе немаме квалификувана работна сила. Мораме така да размислуваме и за тоа да се залагаме“veles

Сметаме дека Велес  не мора да биде препознатлив само како град на керамичари туку мора да биде град на информатичари, и треба во тој правец да се размислува  кон иднината , до колку се создадат основни предуслови за развој на оваа исклучително добро платена професија.

Трајанов побара да престане манипулативната политичка медиумска кампања и да се создаде амбиент за рамноправен политички натпревар.

 

Слични содржини