Демократскиот сојуз со својата коалиција си ги подготвува листите , а Љубчо и Љубе се пребројуваат

од Vladimir Zorba

Коалицијата за промени и правда, не се откажува и одат напред на избори во каква и да е комбинација, а сите оние кои ке се приклучат се добредојдени до колку ги прифаќаат принципите на Демократскиот сојуз и коалиционерите , порача лидерот на Демократкиот сојуз Павле Трајанов.

kolitsija-za-promini-i-ravda

Тој на вчерташниот настап на Топ тема на Телма посочи дека тие синоќа веќе форммирале свој централен изборен шаб, дека се работи на подготвовка на листите, независно од фемкањата на  Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски. Нашата колиција е спремна, имаме рејтинг од 8 проценти и се повеќе луѓе ни приоѓаат како на трет блок кој треба да го направи балансот на оваа поделено општество.Преговорите не се застанати но ние имамае принципи за сите оние кои сакаат да влезат во колицијата, меѓу другото целосна борба против криминалите, пораз на политиките на ВМРО ДПМНЕ  и Никола Груевски, и по тој принцип Демократскиот сојуз може да колицира со сите кои се на таа линија

Ние сме  и за тоа,  сите оние кои ги аболицирал Иванов да не бидат на листите, бидејќи тие со нивното барање да бидат помилувани од претседателот , признале дека се криминалци истакна Трајанов.  Точно е преговараме со ВМРО НП и Обединети за Македонија, и сите овие напади и ујдурми и подривања на ширење на коалицијата , примерот со  премиерот Емил Димитриев  кој викнал еден наш колиционер, други  му нудат на Георгиевски  и ВМРО НП се што сака, трети се нудат на листи , е знак дека оваа коалиција, заедно со нашата „Коалиција за промени и правда“  може да биде силна ако се обедини, вели Трајанов.

Последните информации се дека   по сите превирања, пазарења и поделби на малото ткиво на  ВМРО-НП, партијата на Љубчо Георгиевски на претстојните предвремени парламентарни избори веројатно ќе превагне и  ќе биде дел на Коалицијата за промени и правда, на Павле Ттрајанов.  И партијата на Љубе Бошковски Обединети за Македонија вчера се сретнале со Гергиевски и си дале рака за заеднички настап.Тоа значи дека Бошковски и Груевски  е  неможно да се во коалиција поради сите затворски денови на Бошковски.mkd-289829

 

Од  разврската од преговорите на ВМРО-НП со ВМРО-ДПМНЕ, едно е клучно дека Никола Груевски им понудел се што сакаат , од министри до директори , тендери и бизниси, на неговите стари вмровци и основачи , ама под услов да ја распуштат партијата да ја збришат ,и сите да се вратат во редовите на ВМРО ДПМНЕ  Во раководството на партијата на Георгиевски дошло до сериозна поделеност, но последните информации од синоќа се дека во преостанатите 2-3 дена остануваат  да се расчистат некои технички детали во однос на коалицирањето на ВМРО-НП со Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО-Работничка партија. Се очекува дека наскоро на оваа коалиција ќе се приклучи и Достоинство на генералот Стојанче Ангелов, но со него  до сега немаат  правено никакви разговори, со оглед на неговото отстуство од државата.

Слични содржини