Граѓанските активисти на денешниот протест потсетија на прекумерна уптреба на сила од страна на полциијата во која беа повредени новинари и фоторепортери, а беа приведени и 13 активисти на кои според нив не им се знае судбината.

protest-ps-beko-860x680

Демонстрантите од Собранието тргнаа кон полициската станица „Беко“, каде што се наоѓаат приведените од синоќешните протести.

Благојче Ѓорѓиев, лице со телесен хендикеп, од својата инвалидска количка порача дека полицијата синоќе го привела лицето што му помагало, односно ја туркало неговата количка. Тој праша кого во овој случај полицијата штити.

Организаторите на протестот повикаа на мирни и достоинствени протести без насилство.

На пат кон ПС „Беко“ демонстрантите застанаа кај ТЦЦ „Плаза“ каде што е распределен полициски кордон и два хермелина и со огради полицијата го чува пристапот до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ја повикуваат полицијата да им се придружи и симболично им понудија цвеќе за мир./извор Мета

Слични содржини