Ден на бригадата за логистичка поддршка на АРМ

од Vladimir Zorba

По повод Денот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП), која е дел од АРМ, денеска во Техничко-ремонтниот центар (ТРЦ) во Скопје ќе се одржи воена свеченост.

Бригадата за логистичка поддршка од составот на Здружено оперативната команда е највисока единица од доменот на логистиката во АРМ, чија основна мисија е планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на командите и единиците на АРМ.

На свеченоста ќе биде презентиран осврт за Денот на единицата, а предвидено е и доделување стимулативни мерки на припадници од единицата за остварените резултати во работата и најдобро пласираните во претходно одржаните натпревари во повеќе дисциплини, како и изложба на материјално-техничките средства со кои располага единицата.

Со одлука на претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на АРМ, за Ден на брЛП е одреден 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година започнало Разловечкото востание.

Слични содржини