Под мотото „Засади успех“ денеска се одржува 16-та по ред акција „Ден на дрвото“, во рамките на која ќе бидат засадени три милиона дрвца на 930 хектари земјиште низ цела Македонија. animacijaDrvaPili-516x320

Според граѓанското здружение „Ден на дрвото¬ засади ја својата иднина!“ денеска ќе бидат засадени и 7.000 леандри покрај автопатот Гевгелија¬Смоквица и 3.000 чемпреси покрај другите автопати низ државата, додека од Македонски шуми, за сите општини во Република Македонија ќе бидат доделени уште 67.000 дрвца.

Во досега одржаните 15 акции, засадени се околу 50 милиони дрвца, од кои според Македонски шуми, околу 60 проценти од нив се зафатени.Сепак ефектите се многу далеку, и секако и толкуте многу садници не можат да ги надополнат сите исечени  многулетни дрвја кои се сечат за урбаната мафија и „неопходните “градби.

Минатата година, токму на Денот на дрвото, СДСМ , повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика објави дека за четири години, откако почнала акцијата „Ден на дрвото“, шумскиот фонд наместо да се зголеми, се намалил за неверојатни 50 проценти.

Односно дека од пошумени над 2.800 хектари во 2008 година, кога почнала акцијата – во 2012 година пошумената површина се намалила на нецели 1.400 хектари.

По социјалните мрежи се поддржува засадувањето нови садници, ноима  голема огорченост од сечењето дрва . Некои јавно пишуваат и тврдат дека  оваа кација се доживува како обичен пијар на власта,  блефирање, пералница за пари и дури  и криминал на луже блиски до власта и организаторите а не хумана и еколошка акција.

Слични содржини