Безмалку сите настани што внесоа напнатост на политичката сцена изминатава недела ќе се прелеат во агендата на утрешниот ден.

Pregovori-Brisel (1)

  • Посета на високиот комесар за проширување и меѓусоседска политика на ЕУ, Јоханес Хан. Иако нема официјално објавен распоред на средби, Хан сигурно ќе се сретне со шефовите на четирите најголеми политички партии.
  • Свечената седница на Советот на јавни обвинители, на која избраните седуммина помошници-обвинители од тимот на Катица Јанева ќе треба да дадат свечена заклетва. Но, иако станува збор за формално-законска процедура, можно е овој настан да добие сосема поинаков тек.
  • Исход од писмото што го потпишаа четирите партии за деблокирање на спорот со специјалното обвинителство, заради кој преговорите за изборниот закон неколку дена беа „неактивни“. Со писмото, министерот за правда, Аднан Јашари, кому му е доделена посредничката улога, треба да сугерира и да издејствува од Советот на јавни обвинители да го прифати целиот тим на Јанева од 14 обвинители. Покрај тоа, Јанева апелираше до избраните колеги од својот тим да не дадат свечена изјава сè додека не се изберат и другите седум предложени обвинители.
  • Собраниска седница на која според најавите е и изборниот закон за кој рано утрово, по 15 часа преговори, се усогласија работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино.

META

Слични содржини