Денеска Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски го прими Роберт Бершински, Заменик Помошник секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд на Стејт Департментот придружуван од амбасадорот на САД во државава Џес Бејли.

1112

“Министерот Спасовски и високите претставници од Соединетите Американски Држави разговараа за внатрешно политичката состојба и целосната реализација на Договорот од Пржино, како и пробивањето на роковите од Договорот, а дел од средбата беше посветен и на бегалската криза.

Во однос на овие две значајни прашања, соговорниците се согласија за потребата од нивно решавање кое ќе придонесе за просперитет на Република Македонија”- стои во соопштението на МВР.
Во посета на СЈО и на Јанева пак денеска пак беа амбасадорот на Б. Британија-Чарлс Гарет со придружба на дипломатот Грем Стајлс од британскиот Форин Офис.На својот Твитер профил амбасадорот Гарет уште една потенцираше на важноста за работата на СЈО за иднината на Македонија.

Слични содржини