Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека неговата влада не сака да разгорува тензии со како што вели “нашиот пријател” Русија. Неговиот коментар доаѓа само ден откако турски борбен авион собори руски воен авион Су-24, за кој Анкара вели дека влегол во нејзиниот воздушен простор, пренесе AFP.

Erdoğan ve Davutoğlu [AA] main 1

“Ние немаме намера да ги затегнуваме (односите) со Руската Федерација”, рече Давутоглу и додаде дека Москва е “пријател и наш сосед” на Турција.

Во вторникот рускиот авион беше соборен од турските воено-воздушни сили. Во оваа врска претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека авионот бил погоден од ракета “воздух-воздух” од турски авион F-16 и падна на територијата на Сирија на 4 километри од границата со Турција. Ние ќе го анализира внимателно сето она што се случува и денешното трагичен настан ќе има сериозни последици за руско-турските односи, изјави вчера Путин по инцидентот.

Официјално:Исламската држава има свои краци во БиХ

Од своја страна, турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека земјата не сака ескалацијата на тензиите помеѓу неа и Русија, но не може да “замолчи”, кога граничната безбедност е загрозена. “Немаме намера да ги ескалираме тензиите поради инцидентот. Само ги штитиме нашата безбедност и правата на нашите браќа”, рече Ердоган во телевизиското обраќање.

Слични содржини