Средношколците и денеска продолжуваат со бојкотот на наставата против како што велат лошите образовни реформи и игнорантскиот однос на надлежните, кои иако минатата недела најавија не остварија средба со нив.

бојкот

Од Средношколскиот пленум велат дека  празничните денови ги искористиле за координација со интерни пленуми од деветте скопски средни училишта и со нивните соученици од другите градови.
Од пленумот велат дека остануваат на ставот за стопирање на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура. Очекуваат средба со надлежните на која ќе ги пренесат нивните ставови.
Средношколците деновиве се пожалија на протисоци и закани од страна на дел од професорите и директорите.
Еден од клучните проблеми кој може да предизвика вистински хаос во образовниот систем според средношколците е најавата дека оние ученици што нема да потпишат изјави за полагање на матура по новиот концепт, може да се соочат со опасноста да не ги полагаат испитите во јуни, со што ќе се проблематизира уписот на факултетите. Засега од министерството официјално нема ваква информација.
Осцен сите скопски училишта , соученицте од Охрид, Велес, Струмица, Куманово, Тетово,  на бојкотот се приклучува и средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов” од Битола.

Слични содржини