Денеска е почетокот на тргањето на Груевски од тронот на ВМРО ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Илија Димовски со најсериозни шанси. Зад него стои пратеничката група и добар дел од партиското членство, и не се душмани ниту со Никола Груевски.

Претставата  во ВМРО ДПМНЕ почнува со денешната седница на Централен комитет, на која треба да биде  констаирана или одбиена оставака на Никола Груевски, однодно потврда за вонреден конгрес на кој треба да се случува смената. Се е можно кога станува збор за криминилизираното раководство на довчерашната владеачка партија. Освен пиунот на Груевски, Филип Петровски, никој не се истрчува со кандидатура, а ги има .

  Денеска околу 130 членови на овој комитет се подготвуваат и формално да се соочат со намерата на лидерот Никола Груевски да си поднесе оставка. Ако ја прифатат, како што предлага Извршниот комитет, ќе се отвори патот за организирање на вонредниот Конгрес на 23-ти декември во Валандово, кој треба да резултира со нов партиски лидер.

Постапката за кандидирање не е официјално отворена, но во јавноста како најсериозни кандидати се искристализираа имињата  на  Илија Димовски и оној кј очекуваат да биде продолжена рака на Груевски  , Христијан Мицковски.

Генералниот секретар Мицковски има помал партиски стаж, што може да му биде и предност и мана. Последниве месеци целосно е посветен на партиските случувања и редовно го придружува Груевски на вечерните протести, што укажува дека веројатно е фаворитот на лидерот во оставка. 

Димовски е суверен во пратеничката група во Собранието. Ја има поддршката од пратениците, а и пошироко од партиската база во централна Македонија. Тој веќе е во скриена кампања, со повеќе сопартијци, и веќе му напишаа дека за понатаму треба да се откаже од антиката и да понуди нова и модерна европаска програма, за која тој не крире дека е спремен да ја испорача. 

Антонијо Милошоски, Никола Тодоров и Никола Попоски се уште тактизираат, и чекаат знак од вождот но сигурно е дека  ако не излезат со сопствени кандидатури, можно е, како пратеници, да застанат зад Илија Димовски.

Во неофицијалната трка за претседател  се подметнува и основачот на партијата Љубчо Георгиевски , кој демек го бара  старото членство  и сака да го врати на чело на партијата, барем привремено, за да организира конгрес по нов Статут, нови принципи и други делегати.

Големи забелешки од фракционерите и истресоци од партијата дали како движења,здруженија или реформатори , тие исто така сметаат дека треба целосна смена на сите органи па потоа организирање избор за нов претседател, што сигурно нема да им се оствари.

Дури кога станува збор за ВМРО ДПМНЕ се е можно, дури и да не се усвои оставката, и да заглибаат до крај на нов раскол и ново дрибење на партиското ткиво.

И конгресот е Груевски!

Кандидатот за претседател треба да биде предложен од 30 делегати на Конгресот. Ќе биде избран ако за него гласаат половината од 560 делегати, кои остануваат исти како на редовниот конгрес што се одржа 2015-та во Куманово. Организирање на вонредниот Конгрес  на ВМРО ДПМНЕ е закажано за  23-ти декември во Валандово, кој треба да резултира со нов партиски лидер или нов мандат за стариот лидер.

 

Слични содржини