Денеска е Успение на Пресвета Богородица или Голема Богодорица- Како се слави што смее, а што не !

од Vladimir Zorba

Според обичајот  не треба да работиме, исто така не се јаде овошје и зеленчук со црвена бојаtimthumb (26)

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави денес.

Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Македонската православна црква го прославува 28 август како спомен на смртта на Богородица на ден кога таа се вознесла на небото и го „предала својот дух во рацете на Спасителот“. Успение на Пресвета Богородица спаѓа во редот на Богородични празници на кој му претходат двонеделни пости.

Преданието вели дека Мајката Божја живеела 60 години и дека била сведок на многу славни настани во врска со ширењето на верата во Исус Христос.

1472293000-120959-632x358

Затоа сите обичаи во врска со празниците посветени на Мајката Божја се засноваат на почитување на нејзиниот култ, во кој се вклопени верувања и ритуали од народната религија.

Според верувањата, во период помеѓу две Богородици, важно е да ги направите обредите со кои се искажува благодарност на Богородица, заштитници на жена, за раѓање деца, а потоа за родност и плодност на земјата и добитокот.

За пазниците на Голема и Мала Богородица обичај е, посебно жените, да почитуваат голем број забрани, кои се однесуваат на вршење работи во куќата и околу неа. Значи, на верниците им се препорачува да не извршуваат домашни работи, а ова посебно важи за жените. За празникот Успение на Пресвета Богородица, исто така, не е добро да се работи со раце, или да се започнува нова работа.

Според народното верување на овој ден   денот и ноќта и се изедначуваат. Се верува дека на овој ден змиите и гуштерите се свиткуваат  во дувлата  си.С е сокриваат и демоните самодивите, Јудит (Јудина), змејови и др. Денот се смета за “лош” и на него ништо не се работи. Исто така не се јаде овошје и зеленчук со црвена боја – грозје, лубеници. Не се пие и црвено вино.Ова е поврзано со верувањето за пресечената глава на св. Јован. Пресеци се и  за водата – станува ладна и затоа народот не треба да се искапат во отворени води.

Прославувањето на Голема Богородица кај нас ја следеле игранки на кои луѓето во празнично расположение се собирале поради запознавање и дружење. На игранките момци и девојки се запознавале, играле оро, а тука најчесто и свадби се договарале.

Пресвета Богородица, според верувањата, е заштитничка на болните, па за Голема Богородица многу болни се носат  на извори со лековита вода да се измијат.

Во минатото се одржувани бдеења во храмовите, или над изворите со вода и тогаш се изговарани молитви за оздравување од коскоболие и очни болести.

Празник на мајката на животот

Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

Слични содржини