Денеска е Велика Сабота, ден на свештен трепет пред Христовото воскресение

од Vladimir Zorba

Својата проповед за небесното царство, т.е. за блажениот, спокоен и радосен живот, Христос ја започна на свои 30 години и проповедаше 3 години. Но, како Бог тој не замолкна како што секој човек замолкнува со својата смрт, туку и вистински мртов како човек продолжуваше да проповеда на оние што од почетокот на времето и човечкиот род умреа од бодилото на смртта. Велика Сабота е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение.

Велика  сабота е последниот ден од Страсната седмица, која претходи на  Велигден. Тоа е и последниот ден кога се фарбаат  јајца. Црквата ја славаи  Волика  саботата како “благословениот  седми ден”. Бидејќи ова е ден кога Словото Божјо лежи во гробот како мртов човек, но во исто време го спасува светот и ги  отвора гробовите. Положен веќе во гробот, Духот на Исус е во пеколот, за да ги раскине оковите и повторно да се отворат  рајските Двери. Ова ќе се случи на другиот ден – во неделата, наречена со најкраткото име – Велигден.

Велика сабота црковното богослужение започнува рано наутро и трае непрекинато до крајот на денот, па последните саботен пеење се спојуваат со воскреснатите (неделните) и cкамбаните и  звуците на свеченото “Христос воскресна!”. Жените ги посетуваат гробовите претекување и разддават  насликани јајца и леб за душите на мртвите. Обично во саботата се подготвуваат  и  печат  обредни велигденски лебови.

Голема саботата е и последниот ден во кој можат да се фарбаат  јајца за Велигден. Празникот е поврзан со жалбата и погребот на Исус Христос од мајка му Света Богородица и од жени кои носат миро. Гробот му е запечатен и пред него е поставена стража. Според обичајот на Евреите Јосиф и Никодим го симнчале и пречистиле  телото Господово од крстот, го завитклае во  пелени со мириси и го положиле во нов камен гроб во Јосифовата градина, која се наоѓала недалеку од Голгота. Првосвештениците и фарисеите знаеле дека Исус Христос го  претскажал воскресението си. Не верувајќи  на претскажаното, а и плашејќи се  Апостолите да не го украдат телото, молат од Пилат воена стража. Атипично е  стража до гробот, а самиот гроб запечатен до камена карпа.

Вчелерва се оди во црква за да се сличне најубавата вест „ Христос Воскресна “ !

Слични содржини