Собранискиот спикер  Трајко Вељаноски за денеска во 12 часот  ја закажа седницата за избор на министри и заменици министри , откако вчера ги прими оставките од министрите на Груевски ,  Митко Чавков, Диме Спасов  и заменичка министерка  Марта Арсовска -Томовска.

spasovski-remenski-gruevski

Во Предлогот доставен од Владата  на Никола Груевски  се наведува дека согласно договорот од 2 јуни и 15 јули и измените на Законот за Влада, за министер за внатрешни работи на предлог на опозицијата се предлага да биде избран Оливер Спасовски, а за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Заменици министри исто така од редот на опозицијата ќе бидат Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство и Кире Наумов во Министерството за финансии.

Се очекува на денешната седница да биде пополнето и министерското место во Министерството за информатичко општество и јавна администрација по неодамнешната оставка на Иво Ивановски. Владата за оваа функција ја предлага досегашната заменичка министерка во Министерството Марта Арсовска -Томовска.

Претходно Собранието во рамки на седницата треба да ги констатира оставките поднесени од актуелните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Митко Чавков и Диме Спасов.

Собранието завчера го изгласа пакетот закони кои исто така произлегуваа од Договорот од 2 јуни/15 јули.

Слични содржини