Денеска интерпелациите за министрите Николовски и Царовска

од Vladimir Zorba

По вчерашната неуспешна интерпелација за Никола Димитров, денеска  Собранието на Република Македонија   треба да ја продолжи 13. седница на која на дневен ред се интерпелациите за работата на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за труд и социјална политика Мила Царовска, поднесени од пратениците од опозицијата. 

Синоќа, Парламентот ја отфрли интерпелацијата на министерот за надворешна политика Никола Димитров, која исто така ја побараа пратениците од опозицијата.

Во рамки на 13. седница на дневен ред се два други предлог-закона поднесени од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Станува збор за дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и на Законот за водостопанство.

Димитров ги победи! Собранието не ја прифати интерпелацијата од ВМРО ДПМНЕ

Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог- законот за трговија на зелени пазари, по скратена постапка, поднесен од пратенците од владејачкото мнозинство.

Слични содржини