Демонстрантите од Шарената револуција денеска на масовен протест кој треба да почне во 19 часот пред зградата каде што  е сместено Специјалното јавно обвинителство.

факели

„Режимот планира да го укине СЈО, граѓаните доаѓаат по правдата“, велат шарените. Тие дадоа ултиматум до 18 јуни да се формира техничка влада, Ѓорге Иванов да даде оставка, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, итно формирање на специјален суд, каде ќе се процесуираат предметите од Специјалното јавно обвинителство и во преговорите да биде вклучен и невладиниот сектор, но ниедно од нивните барања не беше исполнето.

ВМРО-ДПМНЕ со автобуси и закани ќе носи контра демонстранти во Скопје

Кога ги кажуваа барањата, демонстрантите истакнаа дека доколку истите не се исполнат, тие ќе ги земат работите во свои раце.timthumb-1-768x951

Во меѓувреме власта повика на контрапротест, исто така денеска во Скопје. Преку  смс пораки членовите на ВМРО ДПМНЕ се повикуваат да дојдат во Скопје и дадат наводно поддршка на битолскиот криминален градоначалник Владимир Талевски

Колку за провокација и подгревање на незадоволството меѓу граѓание  полицијата под контрола на власта,  синоќа уапси и  активист на„ Шарената револуција“.

pajo 2Упасениот Павле Богоевски сакаше  само да постави платно  на камениот мост со антивладина порака,   колку за реакција на политиките на ВМРО, наспроти роденденската прослава на  Груевски и партијата. Тој е уапсен и приведен, а потоа ослободен , под  притсок на граѓаните и протестот пред полициската станица . Граѓаните не дозволија тој да остане во протвор, бидејќи освен провокација пред денешните протести, немаше никакво кривично дело за да остане во станица , па за  неколку часа Павле Богоевски, еден од лидерите на„Шарената револуција“, беше ослободен.

За апсењето прв  реагираше Демократскиот сојуз кој предупреди дека ваквите провокации се долевање на бензин на огнот наречен Македонија, заплашување на граѓаните, поради што  повикаа  на  масовно излезгување на протести и слободно  искажување на  својот став.pajo 2

Синоќа се огласи и најголемта опозициона партија СДСМ  :Режимот да ги тргне канџите од граѓаните и демонстрантите

СДСМ и целата демократска јавност најостро го осудуваат однесувањето на полицијата на Чавков и приведувањето на демонстрантот, само затоа што носел транспарент што не му се доаѓал на режимот. Со овој чин режимот на Никола Груевски уште еднаш ја покажа својата нервоза, паника и страв од граѓаните.

Избезумен од силата, решителноста, упорноста и масовноста на граѓаните коишто се борат за враќање на слободата, демократијата и правдата низ улиците и плоштадите ширум Македонија, Никола Груевски ја злоупотребува полицијата за да креира инциденти. Приведување на граѓани што протестираат достоинствено, само затоа што носат транспратенти е недозволиво. Демократскиот свет не познава такво нешто.

Во страв од граѓаните, во страв од соочување со одговорноста за криминалот и целокупното зло што им го нанесе на граѓаните Груевски  се обидува да го турка народот во инциденти и конфликти, еден против друг.

Прочитан е Никола Груевски. Ниедно сценарио за конфликт нема му успее и нема да го спаси.

Ќе одговара Никола Груевски и пред законите и пред граѓаните се вели во рекацоијата на СДСМ пред денечниот голем протест најавен од пред неколку дена од „Шарената револуција “

Слични содржини