блокади

Поводот за денешните блокади е инертноста на институциите и нивниот молк пред барањата на граѓаните.

„Граѓанки и граѓани, Уставен суд се уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство? Или планира да го укине?
Додека обројуваме за одговор на ова прашање, прогонот врз демонстрантите се уште трае. Наместо повлекување на пријавите, добиваме информации за нови прекршочни и кривични.
Затоа, ајде уште еднаш заедно да им ја покажеме нашата бескомпромисност!“ соопштуваат од Шаерената револуција.

Тие ги повикаа граѓаните да им се приклучат на блокадите на трите мостови во Скопје и да ги поддржат.

„Нема да дозволиме криминалците да останат неказнети, а демонстрантите да бидат под прогон! Многу сме, моќни сме, секој/а од нас споделува силна идеја за праведна држава и слободно општество и тоа ќе покажеме преку нашите следни дејствија!

Конечно, после најновата вест за напуштањето на бродот кој тоне од страна на Ставрески, потсетуваме дека не побаравме оставка на еден министер, туку оставка од цела актуелна влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори“, пишува Шарената револуција на својот официјален профил на Фејсбук.

Слични содржини