Денеска објавување на стратегијата на ЕУ за Западен Балкан

од desk2

Европската комисија денеска ќе ја објави стратегијата за проширување на Европската унија на Западен Балкан во која се наведува дека сите земји во регионот имаат можност да напредуваат на европскиот пат врз основа на сопствени заслуги и брзината со која ќе ги остварат реформите.

Документот во Стразбур ќе го претстават високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан по што ќе следи расправа во Европскиот парламент.

Стратегијата ќе им биде упатена на земјите членки кои за неа ќе расправаат на самитот во идниот месец.

Слични содржини