Дури 840 амандмани стигнале до собраниската Комисија за финансирање и буџет, во која денеска ќе почне расправата за ребалансот на буџетот. Најмногу амандмани, 706, поднела ВМРО-ДПМНЕ, а другите 134 амандмани се од партии од албанскиот политички блок.

ВМРО-ДПМНЕ бара во преправениот буџет да се обезбедат пари за гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар, како и за продолжување на гасоводот од Битола преку Ресен и Охрид до Струга и за гасификација на Скопје. Со амандманите се бара и обештетување на охриѓани кои имале материјални штети од земјотресите, како и пари за нови 50 електрични автобуси за Скопје и нова гимназија во Аеродром. Опозициската партија бара и пари за проектот „Купи куќа – купи стан“, како и за два кружни тека на булеварот Св. Кирил и Методиј – едниот кај поранешна „Нова Македонија“, а другиот на почетокот на булеварот, пред подвозникот кон Пржино.

Со ребалансот ќе има четириесет и седум милиони евра помалку за трошење. Од СДСМ велат дека се скратени непотребните трошоци, а парите се враќаат назад кон граѓаните.

Се крати од сите  сите министерства  од владини от кабинет, Уставниот усд и други институции. Со ребалансот, најголемо е кратењето  кај Министерството за образование и наука за цели 21 милион евра. И полицијата до крајот на годината ќе има 6,7 милиони евра помалку за трошење, каок и на непотребни капитални инвестиции кои в моментот апсолутно не се приоритетни.