Собранието синоќа  го заврши четвртиот, претпоследен ден од расправата за ребалансот на Буџетот за 2017 година.

И во  попладневниот дел од вчершаната  седница спрптиставени позции на пратениците од власта и опозицијата.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ со обвинувања дека власта со ребалансот ги крати капиталните инвестиции и ги намалува парите во клучни сектори, а пратениците од владејачкото мнозинство  со став дека   единствено се кратат нереалните трошења, кои ги правеле власта , односно сегачната опозиција.

Во однос на кратењето на капитални инвестиции, за што најмногу се полемизира, пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска рече дека тоа е последица на забавената динамика во реализацијата на предвидените капитални инвестиции.

Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот за 2017 ќе продолжи денеска  кога, според Деловниот е последниот 5 ден за расправа, кога до крајот на денот треба и да заврши  расправата и за него да се гласа.

Слични содржини