Денеска повотрно работните групи ќе седна  со Питер Ванхојте да ги премостуваат разликите околу Избоииниот законик. Меѓународната заедница има спакувано свој предлог, но проблемот е во  вољата и партиските тактики, а со тоа и постојаното враќање назада и одново дебатирање на веќе дефинирани работи. Чисто политиканство во суштински преговори.И покрај притисоците и разочарувањата на меѓународната заедница , упатните прогнозираат дека за поставување на рамката не е исклучено да се потрошат уште десетина дена.Роковите ќе се пробиваат и натаму .

питер

Според претставниците и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ вклучени во работата на работната група, меѓу другото отворени остануваат гласањето на дијаспората и  прашања поврзани со Државната изборна комисија.

Иако не е постигнат договор за изборната регулатива, за поголем дел од проблемите има согласност кај учесниците во работната група, велат извори од опозицијата, а слично брифираат и извори од власта.

Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека треба да има тројца пратеници како досега и да им се овозможи полесно остварување на правото на глас. Имено, СДСМ останува на ставот дека е потребно изедначување на гласовите кои ги добиваат пратениците од дијаспората со оние кои ги добиваат пратениците во земјава, а во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека треба да има тројца пратеници како досега и да им се овозможи полесно остварување на правото на глас. Според опозицијата, ставот на претставниците на меѓународната заедница бил дека или партиите ќе се договорат за дијаспората или за овие избори ќе се суспендирало нивното право на глас.

Избирачкиот список најверојатно, како што брифираат извори од опозицијата, ќе биде прочистен целосно теренски дополнето со вкрстување на базите на податоци од МВР, Фондот за здравствено осигурување, УЈП и други институции. Механизмите како ќе се прави тоа дополнително ќе се утврдуваат.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека нема никаков проблем да ги прифатат предлозите на опозицијата за прочистување на избирачкиот список. За последниот предлог на опозицијата, од владејачката партија велат дека нема да донел големи промени, додавајќи дека свесно СДСМ давала предлози кои ќе резултирале со никакви промени за потоа да имале изговори.

Во однос на Државната изборна комисија е спорен начинот на донесувањето на одлуки, се споменува двотретинско мнозинство при одлучување за прашања кои ќе се заклучат дека се важни за конкретна етничка заедница, но нејасно е како ќе се утврдува нивната важност. За владејачката партија постои можност целокупниот изборен процес да може да го блокираат еден или двајца членови на комисијата.

Она што е извесно е дека меѓународниот фактор денеска  ќе достави предлог-закон по кој треба да се изјаснат претставниците на политичките партии.

Дипломатските претставништва на САД и на Европската унија, пак, вчера  издадоа заедничко соопштение во врска со неуспехот на лидерите на четирите најголеми партии да постигнат согласност на разговорите за измените на изборното законодавство кои се водат изминативе денови.

„Делегацијата на Европската унија и Амбасадата на САД во Скопје жалат што, и покрај напредокот постигнат на работната група, партиите сè уште не успеаја да ја финализираат изборната реформа. Силно ги поттикнуваме четворицата партиски лидери да постигнат договор денеска. Денот на изборите наближува. Оттаму, потребно е изборниот закон да биде усвоен што е можно поскоро и неговата имплементација треба да почне, имајќи ги предвид изборите во април“, пишува во заедничкото соопштение на дипломатските претставништва на Европската унија и на САД.

Следни теми што треба да се отворат во работната група по носењето на изборните измени се медиумите, владата, законите за забраната на т.н. бомби и за свиркачите. Извори од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДСМ ветиле дека до 20 октомври ќе се договорат за законот за забрана на т.н., бомби но предлагачот Талат Џафери, кој се согласил да го повлече во интерес на преговарачкиот процес, нагласил дека ако до рокот нема заеднички предлог, тој ќе го поднесел повторно истиот закон, а ќе се доведело во прашање и гласањето за новите министри.

Претставниците и на власта и на опозицијата денеска на одвоени брифинзи меѓусебно се обвинуваа за неуспехот да се постигне договор.

Слични содржини