Денеска пресуда за Грујевски и шесте службенички во УБК обвинети во „Тврдина 2“

од Vladimir Zorba

Основен суд Скопје 1 денес треба да ја објави одлуката за случајот „Твдрина 2“ во кој на поранешниот разузнавач Горан Грујевски и на уште шест службенички во УБК им се суди за уништување и палење на службени документи.

Обвинителката Ленче Ристоска во завршен збор вчера од судот побара да му изрече најстрога казна на Грујевски, а за шесте службенички побара алтернативна мерка.

 Обвинетите службенички пред судот тврдеа дека изввршувале наредби на обвинетиот Грујевски и дека немале можност да изберат.
Обвинителката Ристоска нагласи дека Македонија со случајот со незаконското прислушување стана вест број 1 за кршење на човековите права. Таа додаде дека сите докази покажале дека обвинетите ги сториле кривичните дела и со умисла ја уништиле службената документација која се однесувала на периодот од ‎2007-2015.
Потсетуваме дека првообвинетиот Грујовски и неговиот помошник Бошковски , се наоѓаат во бегство, а по меѓународна потерница се фатени со фалсификувани исправи во Солун каде што се наоѓаат во екстрадиционен притвор и се чека на пресуда во солунскиот суд а пота и екстрадиција во Македонија.
Судењето за овој предмет наречен „Тврдина 2“ траеше точно една година бидејќи СЈО се соочуваше со пречки во водењето на постапката, како отсуството во постапката на Грујевски, декласификацијата на документи од Урпавата, барањето безбедносни сертификати и сл. Околу 3000 документи биле уништени во црни ќеси за ѓубре во базата на МВР во „Брест“ во близина на селото Петровец.

Слични содржини