Претежно облачно, претпладне и околу пладне со слаб локален дожд, на планините слаб снег, Доцна попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8  до 13 степени.

oblak-2-

Во Скопје: Претежно облачно, претпладне со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура ќе достигне до 11  степени.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:54 Маврови Анови, 36 Лазарополе, 10 Крушево.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во л/м2):26 Пожаране, 24 Гевгелија 20 Тетово, 17 Лазарополе, 14 Крушево, 13 Мавово, 12 Ѓуриште, 11 Прилеп, 9 Струмица, 8 Битола, Куманово, Тополчани, 5 Охрид, Штип, Пожар, 3 Скопје, Виница, 2 К. Паланка, Д. Капија, 1 Берово, Кавадарци

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:-1 Маврово, 0 Лазаропое, Крушево, 2 Тетово, 3 Прилеп, Берово, К. Паланка, 4 Скопје – З.Рид, Куманово, Охрид, Битола, 5 Скопје – Петровец, Кавадарци, 6 Штип, Струмица, Виница, 7 Д. Капија до 8 Гевгелија и Дојран.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИУтре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Поинтензивни врнежи ќе има  во среда преку денот кога на места се очекува да нвврнат околу 20 л/м2, со засилен југоисточен ветер, а можна е и ретка појава на грмежи.

 

 

 

Слични содржини