Денеска „Шарената револуција“ продолжува во 13 градови низ Македонија.

Протестот во Скопје почнува во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, а ќе биде во знакот на економската состојба на државата и на задолжувањето.

naslovna-860x680

„Протестирам затоа што Македонија е сиромашна и пропадната земја, иако може да биде успешна економска приказна! Македонија е сиромашна земја затоа што ја владеат арамии, кои го крадат јавното, го крадат она што е наше, ја крадат нашата иднина! Оваа влада го задолжи секое домаќинство во Македонија за 4.455 евра и секој од нас за 1.240 евра. Овие бројки одовде само ќе се зголемуваат! Со секој ден што тие го поминуваат на власт, ние сме сè посиромашни и позадолжени! Притоа, позајмените пари не се трошат за нашите потреби или за подобрување на економијата, туку за нивните каприци и ќефови, за нивните споменици и фасади, а голем дел одат во нивните џебови и на сметките во Белизе! Затоа, протестирам и барам одговорност за ваквото – со нивни зборови – лудачко владеење!“, пишува во фејсбук-најавата за настанот организиран за денеска.

Денеска протести во 18 часот се закажани и во Штип, Делчево, Кочани, Кичево, Радовиш, Ресен и во Битола.

Во 18.30 часот протести ќе почнат во Велес и во Охрид, во Струмица и во Прилеп протестите ќе почнат од 19 часот, а во Валандово од 19.30 часот.

Граѓаните, обединети под движењето „Протестирам“, бараат претседателот Ѓорге Иванов да ја повлече одлуката за аболиција и да си поднесе оставка. Исто така, бараат да се формира специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, како и да се повлече одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни. Дел од барањата се и вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.

 

META

Слични содржини