Денеска со избор на претседател на Парламентот почнува смената на власта во Македонија

од Vladimir Zorba

За денеска во 12 часот, претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски закажа кординација со претставниците на парламентарните партии за утврдување на составот на Собраниската комисија за избори и именувања, откако прaтеникот на СДСМ Оливер Спасовски му  достави потписите на 67 пратеници од новото парламентарно мнозинство за закажување на продолжение на конститутивната седница започната и прекината на 30 декември 2016 година.

 

Таа претходно по констатирањето на мандатите на новиот парлманентарен состав, запна кај формирањето на собраниската Комисија за избори и именувања, која пак формално треба да го даде името на новиот собраниски спикер.

Сепак многу повеќе во игра беше менаџментот  за влечење на работите  на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, за купување време во процесот ,отколку составот на комисијата, за што денеска им е многу почиста позицијата и на ДУИ и на СДСМ., и на ВМРО ДПМНЕ.

Брисел со јасни пораки нова влада

Како засилување и убрзување на овој процес денеска во Македонија доаѓа и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. Тој  доаѓа засилен со тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн. Планирани се средби со политичките лидери, а интересно е што во агендата  е ставен термин да се сретне и  со новиот претседател на Собранието. Тоа укажува  и дека не е исклучен и избор, до колку на координацијата испадне се ефикасно и како што треба. Нашите извори велат не е исклучено но шанските за тој избор би биле веројатно утре, или ден потоа.

Од парламентарното мнозинство велат дека  за денеска е мала шансата да се закаже седницата на која би бил избран новиот спикер, и тој да успее да се сретне со Хан. На агендата пишува и дека Хан ќе ги почне средбите со политичките лидери околу пладне, а агендата му завршува приквечер со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, со кого ќе се сретне откако  ќе ги ислуша другите лидери на политичките партии што освоија места во новиот состав на Собранието.

Целта на посетата е јасна  да се  повтори цврстата порака на ЕУ да се почитуваат изборните резултати и да се овозможи демократските процеси да продолжат и брзо да се формира влада што ќе продолжи да го имплементира Договорот од Пржино. Тоа ќе биде од Хан, но  пораки има и за него од Груевски и новото парламентарно мноизнство.

Груевски бара јасна осуда од него на албанската платформа, и почитување на принципот „победик со победник“, што според Груевски токму ЕУ и го наметнале на Македонија, и секако бараат уште купување време и одлагање на формирање на институциите од новото мнозинство и секако индиректно изим за нови избори, а се ова да се поништи.

Новото парламнетарно мнозинство  на чело со Зоран Заев  ништо не прифаќа од плановите на Груевски, нема нови избори и се  на иста фреквенција со Брисел- смена  и мирен трансфер на власта, почитување на новото парламентарно мнозинство со 67 пратеника,  и инплементација на пржинскиот договор преку нова реформска Влада.

Хан последен пат беше во Скопје на 9 февруари, кога, исто така, се сретна со лидерите на парламентарните партии, а и тогаш последната средба му беше со Груевски. На 1 март, набрзо откако Ѓорге Иванов соопшти дека не му го дава мандатот на Зоран Заев, Хан преку Твитер му порача на македонскиот претседател дека мора да го почитува парламентарното мнозинство, дури и ако не му се допаѓа.

Народот да брани Груевски  не можел сам

 

Како логистика на ВМРО ДПМНЕ и нивната позиција спречување на смена на власта а скриено под  демек загрозеност на Македонија со странски платформи , губење на името и државата, во Македонија денеска се најавуваат протести  во 43 градови во Македонија . Тие ќе бидат во име на пречек на Јоханес Хан и против “Албанската платформа”  Протестите се организираат од граѓанската изницијатива  “За заедничка Македонија”, но не крие и ВМРО ДПМНЕ и лидерот Груевски дека и нивното членство е вклучено во се тоа.

Никола Груевски на последниот тв настап на провладината Канал5 упати повик до неговото членство и воопшто народот сите да излезеле на улици за да ја бранат државата која според него била загрозена. За можните инциденти и несакани дејствија тој се огради од народот, и рече дека тој може да гарантира дека неговата партија ќе се однесува согласно законите и демократските стандарди , а како ќе реагира народот тој за нив не може да гарантра. Груевски ги повикал затоа што призна дека во ситуацијава тој и неговата партија не может со своите пратеници да го спречат процесот на смена на власта, а тоа пак според него ќе значело  губење на државата  на единството и територијалниот интегритет на Република Македонија

Слични содржини