Овие неколку дена се пакува новата влада за  делење на ресорите меѓу коалиционите партнери. Она што го најавуваат од СДСМ дека ќе бараат луѓе кои вложуваат и кои сакаат да ги потврдат своите експертски знаења, а ни такви кои ќе сакаат да владеат и  пардираат државни функции. Убедени се дека има  професионалци кои се авторитативни  во својата професија на кои пред се клучни им се вредностите , професионалноста , а не веење на партиското знаме или етничката припадност. 

Патриотизмот се докажува со одговорност, а не со удирање во гради, а најмалку со насилие, порачуваат од СДСМ.

Она во што се сигурни од партијата е дека најглемиот дел од пратениците ќе останат во парламентот, и сигурни се дека само тројца ќе ги напуштат пратеничките клупи, а тоа се: идниот премиер Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски ,  а се останато останува да ја бие битката со силната опозиција во парламентот.

Во колалицијата засега не се лицитира ниту со министерски позиции ,кој на која типува , ниту со кандидати за министри.

Се ќе биде појасно по денешната најавена средба меѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Од ДУИ молк колку ресорите ќе бараат.

Од СДСМ велат дека бројката на ресорите не е толку клучна колку луѓето кои ќе ги водат. Принципиелно тоа не би требало да бидат луѓе кои се на удар и истрага на СЈО, и за кои досега се потврдило дека прво им биле најваќни тендерите, па процентот за партијата па личната добивка , па  на крај  квалитетот на сработеното и интерес на граѓаните.

Впрочем за нешто за кое се согласија СДСМ и ДУИ, а за што Ахмети ја растури калимерата со Груевски, беше токму тоа -СЈО да може непречено да продолжи со работа, и да се смени начинот на владеењето на режимот и грабежот на Никола Груевски

Алијансата на Зијадин СЕЛА е извесно дека ќе добие еден ресор. Од Беса најавија дека ќе одржат централно претседателство денеска или утре, па потоа ќе ја соопштат одлуката дали ќе влезат во владата. Тие не кријат дека би скалае да го тепаат ДУИ , а не да коалицираат со него

СДСМ не крие дека сака сите колициони партнери од мнозинството да се вклучат во новата Влада за посилна позиција и полесно спроведување на реформите.

Сепак партиите, калкулираат со личните и партиските интереси , осбено за засилување на позицијата пред локалните избори.

Течат уставните рокови за состав на влада. На потписите за одредување мандат стојат имињата на 67 пратеници, и ќе го има , но неизвесно е колку  воопшто ќе брои новото парламентарно мнозинство.

Очекувањта се дека  до крајот на следната недела во Собранието треба  биде изгласан новиот владин состав, а веднаш потоа се очекува и седница за измените на Изборниот законик, со кој треба да се продолжи мандатот на градоначалниците.

 

Слични содржини