Се очекува денеска  Комисија да ја повтори условената препорака, условена со целосна примена на договорот од Пржино, фер и демократски избори и примена на Итните реформски приоритети т.е. извештајот на групата експерти предводена од Рајнхард Прибе.

Хан

Јоханес Хан, комесарот за проширување, денеска напладне  откако ќе ги инфромира еврокомесарите на крајот и на прес ќе го објави новиот извештај на Европската комисија (ЕК) за Македонија,  за нашите соседи од Балканот и Турција.

Не  е непознато дека влегуваме  во условените препораки и овојпат. А условот за да се добе препораката се  целосна примена на договорот од Пржино, фер и демократски избори и примена на итните реформски приоритети т.е. извештајот на групата експерти предводена од Рајнхард Прибе.

 

Минатата година Комисијата вети дека ќе се наврати на препораката по изборите,  но со оглед на тоа што имавме на двапати одлагање на истите, односно преместување на датумот,  се очекува дека на почетокот на 2017 година да  има нов извештај за Македонија.

СО оглед на тоа што СЈО е производ на меѓународната заедница и Пржинскиот договор за очекување е  дека во овогодишниот извештај повторно ќе му се даде поддршка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Може да се очекува дека Брисел ќе им даде поддршка на барањата на СЈО за продолжување на мандатот за поднесување на обвиненија и за законот за заштита на сведоци.

 

Според случувањата во земјата во текот на годината што изминува не е тешко да се претпостави дека и во овој извештај ќе се најдат повеќе критки за реформите, судството, медиумите и граѓанските права и слободи.

ек

.Откако денеска Европската комисија утре ќе го објави извештајот за проширувањето на ЕУ и извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, но следниот, наместо догодина, ќе биде дури во 2018 година.

Неофицијално, во Европската комисија постои замореност од извештаите, особено имајќи предвид дека засега немаат преголемо влијание врз одредени земји, но и поради тоа што наскоро нема да има ново проширување на Унијата.

Поткрепа на ваквите тврдења е и несреќно избраниот датум на објавување на прогрес-извештајот за земјите од Западен Балкан, кој се поклопува со резултатите од претседателските избори во САД.

– Очигледно дека им е јасно дека извештајот кој за земјите е важен, нема да има некакво влијание, поради тоа што нема проширување. Па дури и во тие земји од Западен Балкан, деснак сепак прва вест ќе бидат изборите во САД, а потоа извештајот на ЕК .

Од друга страна, дипломатите од Брисел велат дека причината не е замореноста, туку обид да се биде во иста линија со останатите европски иницијативи.

По извештајот во пролетта 2018 година, извештајот ќе се објавува секоја пролет, наместо како што беше досега – на есен.

Слични содржини