Потписите се собрани и веќе се во седиштето на СДСМ. Лидерот на опозицијата Зоран Заев го доби мандатот од партијат да биде мандатар на СДСМ, и денеска  како што е редот ,ќе му ги предаде потписите на претедателот Ѓорѓе Иванов. Заев има 67 пратенички потиси, а потребни се 61, тоа е повеќе од доволно да му се предаде мандатотот за формирање влада , откако во првиот обид Никола Груевски не успеа да привлече ниту една партија ниту еден потпис повеќе од оние кои што ги имаше освоено(51), на последните избори од 11 декември.

За сега не се соопштува  како тоа ќе биде сторено – преку Собранието на Република Македонија или директно со барање за средба до кабинетот на претседателот. И едната и другата постапка се законски и легитимни. Иако се очекува Иванов да „игра“ во рамките на неговите ингеренции со доделувањето мандат, не е исклучено за да се скрати таа процедура и  целата постапка да биде спроведена во рамките на македонскиот парламент како највисок законодавен дом, а претседателот Иванов за тоа да биде извесетен и поканет да присуствува.

Не е исклучено, особено ако се земе предвид информацијата, дека пред некој ден Никола Груевски , имал тајна средба со Иванов,  и сега тој да бара некакви гаранции кои сам ги побара,  уште на први февруари по консултациите со лидерите на политичките партии. Тогаш тој рече  дека бара писмена гаранција за обезбедени 61 пратенички потпис, и зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата и реформи во безбедносните институции. Тоа секако  за СДСМ не е проблем да се обезбеди , иако излегува надвор од ингиренциите на претседателот.

„Од оние што ќе ја составуваат новата влада барам во својата програма да имаат два клучни приоритета: заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата и системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на Република Македонија“, изјави тогаш Иванов.

Нека  си повели во парламентот и од својата ложа во собраниската сала нека ја следи седницата и нека слушне дали некој  или кој го загрозува и Уставот и унитарноста на државата велат извори од СДСМ

Пораки до Македонија  за веднаш формирање нова влада, и уважување на потписите  вчера стигнаа и од НАТО и од ЕУ

Првин  еврокомесарот Јоханес Хан го повика претседателот, но и Собранието, да постапат согласно Уставот и мандатот да го дадат мандатот на партијата која има обезбедено мнозинство во законодавниот дом.

Се огласи и НАТО. Тие порачаа  дека „сите страни треба да се воздржат во своите изјави и дејства и да донесат одлуки за доброто на сите граѓани. НАТО останува посветен на членството на БЈР Македонија во Алијансата, во согласност со одлуката донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година и сојузничките изјави дадени на следните самити на НАТО“, соопшти НАТО.

Во меѓувреме Никола Груевски во своето монолог интервју на ТВ Сител, повика на народен бунт, како што вели граѓаните да ја спасат Македонија и да попречат формирање на нова влада на Заев со Албанците. За првпат Никола Груевски понуди да се направи влада меѓу Македонците , што значи гласовите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ да се спојат, само  за да се исфрлат Албанците од парламент, односно да се спречи влез на нивната платформа, која според него ја загрозува државата. Сепак тој не бече прецизен, и кажа дека незнае што содржи таа платформа, и што се  навистина прифатил Заев, ама знае дека тоа е против државата Македонија.

Од ДУИ, како прва реакција, високи партиски извори кои засега сакаат да остана анонимни, велат дека оваа е преседан барање од Груевски за исклување на Албанците од политиката во државата, а за тоа кој што прифатил да реализира, и дали Никола Груевски прифатил повеќе од Зоран Заев или помалку, ќе се чуе од собраниската говороница, кога лидерот Ахмети ќе ги обелодени двете понуди и на СДСМ , но и на ВМРО ДПМНЕ, и пред македонската јавност и  ќе образложи зошто е одбиен Никола Груевски.

Тие денеска , на централното претседателство на партијата ќе финишираат со одлуката, дали и покрај дадените потписи ќе останат во опозиција , како поддршка на малцинската влада на Заев и СДСМ, или ќе партициират со свои министри во новата владана СДСМ.

Унитарноста е загрозена, нападната е државата и само народот може да ја одбрани, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на гостувањето во вестите на телевизија „Сител“.

– Сите оние кои планираат да седат дома и да гледаат телевизија верувајќи дека друг ќе им ја заврши работата за заштита на нивната држава, се во заблуда. Кога државата е нападната, само народот може да ја одбрани. Не можат само политичарите, особено кога еден дел од нив се борат за заштита, а друг дел се на спротивната страна – изјави Груевски и истакна дека народот ќе дејствува за она што не се согласува.

Тој додаде дека „основната причина за целата операција за рушење на власта и носење на Зоран Заев е слабеење на државата со цел промена на името и идентитетот на Македонците.“

– Двојазичноста е секундарната цел. Операцијата е во четири фази, создавање криза и дестабилизација, компромитирање на власта преку специјална психолошка војна и компромитирање на институциите, избори и смена на власта, нејзино елиминирање и носење на нова и реализација на целите – порача Груевски.

Според него, планот е законот за јазиците да се донесе на сила, со измислено европско знаменце на кое не му е местото на тој закон.

– Се што Зоран Заев кажува дека не прифатил е само заради една причина: немање двотретинско мнозинство во парламентот. За промена на знамето, грбот и химната потребно е двотретинско мнозинство – додаде Груевски.

Груевски обвини и дека Заев ја нападнал Србија  за геноцид врз Албанците само за да дојде на власт, на што СДСМ жестоко реагираше.

Во изјавата за српски „Курир“ Заев денеска изјави дека ова е лага и само страв  на Груевски дека денеска  на претседателот на државата ќе му бидат предаде 67 потписи и дека се надева дека ќе го добие мандатот и брзо ќе ја формира новата влада.

– Оваа вест не е точна и покажува лоша намера на булументата која го финансира поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ги добив потписите за формирање влада и се надевам дека таа работа ќе ја завршиме за десетина дена, а Груевски чувствува дека ја губи власта и сака да предизвика судири со братскиот народ – вели Заев.

Тој порачал дека е доста од лажниот патриотизам со кој го прикривале грабежот на народот. Заев вели дека тоа е „криминална банда која сака да се спаси себеси од одговорноста пред правосудниот систем во Македонија“.

За денеска попладне, има повторно повик да се организраат протести, против формирањето нова влада на СДСМ и тргање од власт на ВМРО ДПМНЕ, што се поклопува  со синоќешниот повик за народен бунт на лидерот на партијата Никола Груевски.

Слични содржини