Денеска започнува „Урбан Фест“ во Скопје

од Vladimir Zorba

Поради неочекуваната безбедносна ситуација во изминатите денови, закажаниот почеток на првиот фестивал на живи статуи во Скопје “Урбан Фест“ беше одложен за денеска во 13:00 часот.

Програмата во малку изменето издание, но сепак со сите претходно најавени учесници ќе се оствари денеска помеѓу 13:00 часот и полноќ, на „Сквер Јадран“ во Центар.

На денешниот настан свое учество ќе земат артисти од Македонија, Србија, Бугарија, Германија,Босна и Херцеговина, Холандија и Португалија.

Викендов ќе се одржи првиот меѓународен фестивал на живите статуи во Скопје „Урбан Фест“

Музичкиот дел ќе падне на товар на Летечки Пекинезери и Бугимен, а од 19 часот товарот ќе го носат Шурбе и Фолтин.

„Во име на љубовта, убавата енергија и уметноста дојдете да се дружиме“, порачуваат организаторите Театро Ск, под покровителство на Општина Центар.

Слични содржини