Со настап на хорот „Јарославија“ од Јарославската државна филхармонија вечер во 19 часот во Домот на АРМ во Скопје ќе бидат отворени Деновите на духовната култура на Русија во Македонија.русија

Овој меѓународно реномиран хор кој доаѓа од древниот руски град Јарослав, ги продолжува најдобрите традиции на руската хорска изведувачка школа. Уметнички раководител и диригент е Владимир Контарев. На концертот ќе се слушнат класични хорски нумери од руски композитори, како и литургиски песнопоенија.

Во рамки на манифестацијата, која е во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, претходно, во 17 часот во Порта Македонија ќе биде отворена изложба на детски слики „Душата на Русија“.

Наредниот ден концерт во Фојаето на Македонската опера и балет ќе одржи детското уметничко друштво „Отрада“ од Черноостровскиот манастир кој ќе биде дел од годинашната придружна програма на Мајските оперски вечери, насловена „Мали Мајски оперски вечери“..

Инаку, на 27 мај хорот Јарославија ќе одржи концерт и во црквата „Св.Софија“ во Охрид, а  ансамблот „ГРАД-Квартет“, пак, ќе одржи концерт во големата сала на Центарот за култура во Битола.

Деновата на духовната културана Русија во Македонија ќе продолжат во текот на целиот месец, а ќе завршат со концерт на познатот руски ансамбл „Рус“ на 18 јуни. Влезот за сите манифестации ќе биде бесплатен.

Деновите на духовната култура на Русија во Македонија се организираат во рамки на програмата на Руската амбасада по повод Денот на рамноапостолните браќа Свети Кирил и Методиј.

Слични содржини