Депресијата го крши срцето… буквално

од Vladimir Zorba

Дури и нивоата на холестерол да се радуваат на добри вредности, опасноста од кардиоваскуларни болести не поминала.

Тоа е така, бидејќи депресијата ги изложува нашите срца на истиот ризик, пишуваат германските истражувачи во медицинскиот журнал “атеросклероза”. Во споменатото истражување научниците ги анализирале медицински податоци од скоро 3 500 мажи во возраст 45-74 години.

Медицинските се фокусирале на ризичните фактори во секојдневниот живот кои им се закануваат нивните срца. Меѓу нив се наведени депресијата, високи нивоа на холестерол, висок крвен притисок, пушењето и дијабетесот.

Анализата на здравствените картони на илјадниците господа покажува дека душевното здравје е од особено значење за срцето. Германските научници ги обвинуваат депресивните состојби за околу 15% од кардиоваскуларните болести. Така меланхолијата е рангирана во самата средина на скалата за причинители на кардиолошки болести. Таму се наоѓа и највисокиот холестерол (15%) и пушењето (17%).

Најголем виновник за “скршени срца”, сепак, останува високиот крвен притисок. Хипертензијата е одговорна за 30% од кардиоваскуларните болести. Според истражувачите дебелината и дијабетесот изгледаат сè повеќе пријателски. Ризикот кај нив е само 10%. Тоа сепак не значи и дека го нема. Во интерес на вистината ова истражување покажува повеќе зависност меѓу депресијата и кардиоваскуларните болести, а не причинско-последична врска.

“Не сме сигурни дали клиничката депресија одговара за кардиоваскуларни болести, но можеме да кажеме дека постои врска помеѓу меланхолијата и болните срца”, смета авторот на студијата проф. Д-р Карл-Хејнц Лудвиг – експерт по медицинска психологија и раководител на истражувачката програма “ментално здравје” кон германскиот истражувачки центар за јавно здравје во Минхен.

А според податоците на Американската кардиолошка асоцијација, луѓето кои се депресивни, вежбаат значително помалку од недепресираните. Ова води до залежување, тогаш до дебелеење, што предизвикува срцеви проблеми. Американските експерти сметаат дека депресијата води до зголемување на нивото на кортизол – хормон поврзан со стресот, кој има докажано негативен ефект врз кардиоваскуларниот систем.

“До денес на дневен ред е да се открие каузалноста меѓу срцето и факторите од секојдневниот живот, под влијание на ризик циркулаторниот систем”, вели уште проф. Д-р Лудвиг – “Треба да разбереме како пушењето и депресијата влијаат на човечкото срце “.

Додека експертите истражуваат, луѓето кои се свесни за ризиците треба да побараат својот лекар за да добијат совети како да го поштедат здравјето на срцето.

Слични содржини