Австрискиот Дер Стандард во анализата посветена на состојбата за Македонија тврди дека премиерот Груевски во Вашингтон заминал во обид да „си ја спаси кожата“- пренесува DW

grujo
„Никола Груевски е веројатно првиот премиер во светот кој ја потпиша сопствената абдикација“, пишува во денешното издание виенскиот Дер Стандард, коментирајќи ја најавената оставка на македонскиот премиер на 15 јануари. „Оставката е симболичен акт- на тој начин треба да биде ставен крај на ‘културата’ на ‘системот Груевски“, пишува весникот во текстот под наслов „Оставката на Груевски треба да донесе нов почеток за Македонија“.

„Оставката е дел од Договорот постигнат изминатите месеци со посредство на ЕУ медијаторот Јоханес Хан со учество на опозициските социјалдемократи. Покрај ЕУ, голема улога играа и САД. Во понеделникот Груевски одлета во Вашингтон на средба со потпретседателот Џо Бајден. САД имаат голема улога во спречување на зголемувањето на влијанието на Русија на Балканот. Самиот Груевски пак, се обидува да си ја спаси кожата“, пишува Дер Стандард.

Димитров: За Белата куќа важен е квалитетот на изборите, а не на датумот кога ќе се одржат

„(…)Останува отворено дали партијата на Груевски, националконзервативната ВМРО-ДПМНЕ, нема повторно да победи на изборите. Партијата смета на тоа- и тоа може да му овозможи на Груевски да се врати. Шансите не се лоши затоа што во земјите на Југоисточна Европа многу луѓе гласаат на избори, затоа што потоа можат да добијат вработување или стан од партијата. Затоа на Европската Комисија и е важно, Македонците овојпат пред изборите да знаат дека тие ќе бидат фер и дека се работи за иднината на земјата, а не за клиентелизам. Но до 24 април мора уште многу да се стори- меѓудругото да се актуелизираат гласачките списоци кои содржат и имиња на починати лица. Некои во Скопје се сомневаат дека тоа може да се стори до април. Оттука можно е изборите и да се одложат. За Груевски е подобро доколку остане планираниот термин. Колку подолго се одложува, толку повеќе работи ќе излегуваат на виделина преку правосудството. На Европската Комисија во прва линија и се поважни суштинските чекори отколку датумот, иако тој останува цел“, пишува австрискиот весник Дер Стандард.

 

 

Слични содржини