Дербито на Манчестер ќе се одигра на 27 Април

од Vladimir Zorba

Одложениот натпревар од 26 коло на Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе се одржи на 27 април (четврток) со почетен час во 22:00 по македонско време, соопштија од Фудбалската асоцијација. Дербито беше одложено поради натпреварите од Купот на земјата. Во првата фаза од шампионатот, предводена од Пеп Гвардиола тимот на Манчестер Сити се наметна над “црвените ѓаволи” со 2: 1 на “Олд Трафорд”. Во моментов “граѓаните” се на третото место на табелата, а избраниците на Жозе Мурињо се петти. Јунајтед има пет поени помалку од Сити, но одигра еден натпревар помалку.

Слични содржини