Десет лица се повредени во Скопје во сообраќајки случени во последниве 24 часа

од Vladimir Zorba

– Вкупно 11 сообраќајни несреќи се случиле изминатите 24 часа во Скопје. Од нив четири со последица материјална штета, а седум со телесни повреди во кои 10 лица се полесно повредени, соопшти СВР.

Полицијата евидентирала и поголем број прекршоци: 11 возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината, 12 возеле без дозвола, додека 40 биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и девет пешаци, како и 11 возачи на мотор, мопеди и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи.

Со „пајак“ се  отстранети 48 возилa

Слични содржини