Десет технологии кои во наредните години суштински ќе го променат нашето секојдневие

од Vladimir Zorba

 

 

 

Традиционалниот преглед „MIT Technology Review“ ги најави најважните технологии на иднината. 

Кога младата Американка Кала Локс во јануари во 2015 година ги родила близнаците Леви и Колтон, била пресреќна. Но, по три месеци следел шок бидејќи на Леви му била дијагностицирана тешка комбинирана имунодефициенција (SCID).

Децата кои се заболени од таа болест имаат толку нарушен имунолошки систем што можат да живеат само во стерилни услови внатре во заштитен балон кој ги штити од потенцијално смртоносни инфекции. Кога лекарите како една од можностите понудиле експериментална генска терапија во Детската болница во Бостон, Кала и нејзиниот сопруг Филип веднаш се согласиле. По две години од експерименталната терапија, малиот Леви е здраво дете кое ужива во игрите со близнакот Колтон.

Генската терапија првпат била применета уште во 1990 година, а тој облик на лечење е најавен како револуција во медицината која ќе доведе до лечење на многу генетски заболувања па дури и на рак. Но, поради смртен случај во тек на еден клинички експеримент во САД прекинати се сите обиди за генско лечење.

Генска терапија 2.0

Поедноставено, генската терапија е замена на дефектен ген со здрав. Притоа здравиот ген се вметнува со помош на ретровируси кои се така модифицирани да не можат да предизвикаат болест. Но, ваквиот пристап не е без опасност бидејќи имунолошкиот систем на болниот може да реагира на внесувањето на вирусот, понекогаш со потенцијално смртоносна имунолошка реакција.

За среќа, во последните години се решени основните проблеми поврзани за генската терапија па сега во тек се клинички експерименти за 40 до 50 болести, наведе MIT Technology Review, најстарото технолошко списание на светот. Во својот традиционален годишен преглед тоа угледно списание „Генската терапија 2.0” ја сврсти во една од 10-те најважни технологии кои во наредните години ќе го изменат нашето секојдневие.

Меѓу 10-те нови ветувачки технологии, MIT Technology Review ги истакна и тие кои во наредните 10 до 15 години на луѓе со оштетен рбетен мозок би овозможиле да ја вратат контролата над парализираните нозе. Така тимот на невронаучници под водство на др. Грегориј Кортине од Швајцарскиот федерален политехнички факултет во Лозана (EPFL) развил невропротеза со чија помош на повреден мајмун му ја вратил контролата над парализираната нога.

Атлас на човечките клетки

Таа невропротеза, во чиј развој учествувал и Загрепчанецот др. Томислав Милековиќ, служи како безжичен мост меѓу мозокот и долниот дел на рбетниот мозок, а и за премостување на повредата. Technology Review големи надежи полага и во Атласот на човечките клетки. Станува збор за исклучителен технолошки потфат чија цел е да се мапира и опише секоја клетка во човечкото тело, создавајќи со тоа атлас кој би помогнал да го промени научното разбирање на човековиот раст и појавата на болестите.

До неодамна научните откритија за клетките биле ограничени на тоа што може да се заклучи со гледање под микроскоп или со генетска анализа на групирани клетки.

Но, технолошкиот развој доведе до тоа научниците денес да можат да издвојат индивидуални клетки од различни ткива и органи, да ги анализираат нивните својства па потоа да мерат и да опишат кои молекули се создаваат во нив.

За да се мапираат сите 37,2 билиони клетки во човековото тело, научниците од САД, Велика Британија, Шведска, Израел, Холандија и Јапонија се здружија во меѓународен конзорциум.

– Ќе видиме некои работи кои ги очекувавме, но сигурен сум дека ќе има многу нови откритија. Очекувам изненадувања – вели Мајк Стабингтон од британскиот Институт Сангер, еден од покренувачите на проектот. Меѓу покренувачите на проектот е и Институтот Броад, заеднички Институт на МИТ и Харвард во Бостон, но и новиот Биохаб во Калифорнија кој во 2016 година го основаа Марк Цукерберг и неговата жена Присила Чен. Атласот ќе биде достапен во целиот свет, а научниците се надеваат дека ќе го развијат разбирањето на многу болести, вклучувајќи ги и невродегенеративните болети и ракот.

„Face“

Меѓу револуционерните технологии е и „плаќање со помош на лицето” кое го разви кинеската старт ап компанија Face за практична намена.
Таа технологија веќе се користи во неколку популарни апликации. На пример, користејќи го своето лице можно е да се изврши пренос на пари преку Alipay мобилна апликација за плаќање која ја користат над 120 милиони луѓе во Кина. Понатаму, Диди, кинески Убер, го користи Face на патниците да им овозможи потврда дека лицето зад воланот е легитимен возач.

Откритија кои ќе ни ги изменат животите
– Самовозечки камиони: камиони без возачи кои ќе бидат достапни во наредните 5 до 10 години
– Практични квантни компјутери: компјутери со неверојатна сила кои ќе бидат достапни за четири до пет години
– Селфи од 360 степени: евтини камери кои отвораат нова ера во фотографијата, а достапни се веќе сега
– Топли соларни панели: новите соларни уреди можат да создаваат евтина енергија во идните 10 до 15 години
– Поддржано учење: машините сами учат како подобро да ги извршуваат задачите, елиминирајќи ја така потребата за програмери
– Ботнет работи: мрежа на компјутери, често под контрола на еден контролен послужител, во која се уфрлени автоматизирани програми за остварување на одредени задачи.

Јутарњи лист – Загреб

Слични содржини