Десковска: Ревизија на учебниците на сите нивоа

од desk3

Министерката за образование Рената Дескоска најави ревизија на учебниците на сите нивоа. Таа рече дека со ова прашање ќе се занимаваат експерти и комисии. Таа рече дека секоја содржина за која ќе се потврди дека е погрешна или поттикнува говор на омраза ќе биде отстранета од учебниците. Освен учебниците, Дескоска најави разгледување и на лектирите, за што примила и барање од Здружението на писатели.

– Ревизијата на сите учебници ќе биде дел од еден процес кој што ќе биде дебитиран на експертско ниво. Во министерството имам добиено претставка од Народниот правобранител за учебник кој што е за граѓанско образование, односно учебник по општество кој содржи дискриминаторски одредби. Со оглед на тоа што јавноста често пати беше соочена со примери  на учебници во кој имаме погрешни констатации каде јшто има говор на омраза, каде што има дискриминаторски ставови, предрасуди сите учебници ќе бидат отворени во  процес на ревизија во целокупното образование со цел да се отстранат грешките од учебниците од кој што учениците учат, рече министерката  Десковска.

Слични содржини