Дестабилизацијата на Либан може да предизвика нов бегалски бран кон Европа

од desk4

Тензичните односи помеѓу Либан и Саудиска Арабија и неизвесната политичка ситуација во Либан може да предизвика нов бегалски бран кон Европа, предупреди Гебран Басил, шеф на либанската дипломатија.

– Дестабилизацијата на Либан би имала последици за раселените Либанци и за бегалците кои се сместени во Либан, кои ќе бидат во уште поранлива позиција и ќе тргант кон Европа, истакна Басил на средбата со германскиот колега Габриел Зигмар во Берлин.

Во Либан во моментов е сметени околу 1,5 милиони бегалци од конфликотот во Сирија, а Европа се обидува да ја избеге варијантата тие да се упатат на запад, предизвикувајќи нова бегалска криза.

Според Басил, доколку Либан не добие меѓународна поддршка, може да ја доживее судбината на Сирија.

– Тогаш целиот регион може да биде уште повеќе дестабилизиран, како што се случи со Сирија, а тоа директно се одрази на Германија и на Европа, посочи Басил.

Слични содржини