Детето со замрзната коса не сакало да го пропушти тестот по математика

од desk2

Приказната на еден кинески ученик го привлече вниманието на милиони луѓе по социјалните мрежи, и со право.

Сé почна одсподелената слика на која ученикот ќе го видите со подмрзната коса.
Момчето живее во руралните региони на Кина и секој ден минува по 4.5 километри до училиште и покрај суровата зима. Тоа му одзема повеќе од еден час дневно, соопштува Daily Mail.

Облечен во лесна облека, 8-годишниот Ванг Фуман патувал на -9 степени за да се појави на неделниот испит во малиот град Ксинџи во јужна Кина, каде што учи во трети клас во основото училиште, пренесува People’s Daily Online. Во училниците, во случај да се прашувате, нема греење.

Па ете го, со замрзната коса. Неговите соученици, како и тој самиот, очигледно го сметаат тоа за забавно.

Според директорот на училиштето, момчето е многу вреден ученик и талентиран математичар. Но остатокот од неговата приказна не е така пријатен за слушање.

Фуман не потекнува од среќно семејство. Татко му е работник-мигрант во друг град (како и многу други Кинези од руралните средини) и го нема видено неколку месеци, а мајка му го напуштила кога бил мал. Живее во куќа од кал со баба му и неговата постара сестра.

Сликата ги покажува и неговите раце, кои се напукнати и покриени со рани, како и со траги од смрзнатини. Такви се зашто Фуман работи и земјоделска работа, рамо до рамо со баба му.

Разбирливо е што сликата трогна многумина од тие што ја видоа, особено меѓу Кинезите. Тие посочуваат дека приказната на Фуман е добар показател за разликата меѓу богатите и бедните во земјата, разлика која е ужасно голема.

Слични содржини