Децата на бегалците во Грција им се систематски силувани или принудувани да се проститурат

од Vladimir Zorba

Хуманитарните работници очекуваат ситуацијата на бегалците и нивните деца да се влошува уште повеќе .

Анкета на “Харвард”  утврди дека во Грција се забележува “растечката епидемија” од малолетни деца кои им се систематски силувани или избор на  проституција во името на преживувањето. Екипата на американскиот универзитет алармира дека “слабите или непостоечки” структури  ги изложуваат децата на огромна опасност. “Жртвите на силување и сексуална злоупотреба о  ретко посочуваат што се случило, бидејќи се плашат од стигматизација или евентуално одмазда, а административните пречки пак предизвикуваат премногу големи одложувања пред жртвите да можат да бидат преместени  и одтргнати  од насилниците”, пишува во студијата, цитирано од “Индипендент “.

Шверцерите во Грција, Италија и други европски земји, пак, се познати по тоа дека ги принудуваат бегалците, вклучувајќи и нивните деца на проституција, за даги  исплатат “долгови”. Мигрантите во јужниот  сосед прибегнуваат и сами до “секс за опстанок”, за да можат да се стекнат со храна, засолниште или да соберат доволно пари за да ја напуштат Грција. Резултатите на “Харвард” покажуваат дека најчесто децата кои го  избираат овој начин да излезат од сиромаштијата се авганистански момчиња во тинејџерска возраст, а нивните “клиенти” се мажи на над 35 години. “Возрасните мажи им нудат храна и засолниште. Тие имаат тенденција да ги задоволат основните потреби на децата во замена за сексуални услуги”, соопштува информатор од камповите. Некои од мажите сепак не им  нудат на децата вечер во својот дом или во хотел, и  сакаат директно да го  добијат своето во паркови како атинскиот “Падеон Ареос” за не повеќе од 15 евра. Се повеќе и повеќе од принудените да издејствувааат храна со платени сексуални услуги веќе  ги споделауваат своите проблеми, открива Елена Коцони, психолог во клиниката MSF во Атина. “Тоа не е лесна тема за дискутирање”, изјави таа за “Индипендент”. “Во пракса тие тоа го прават во името на својата безбедност, во потрага по засолниште, на покрив над главата и храна за во зима”. Таа дури истакнува дека има жени кои се согласуваат на  “се” со мажите од родните земји во замена за безбедност во камповите каде  е преполно од  насилството и недостатокот на безбедност и затворен простор  кој ги прават исклучително ранливи. Хуманитарните работници очекуваат ситуацијата да се влоши драматично и бегалците да останат долго во оваа стапица, бидејќи се повеќе програми за релокацијата  се прекинати. “Индипендент” потсетува и дека во првите 10 месеци од 2016 година над 10 илјади деца аплицирале за азил во Грција, што предизвикало затнување  на и без тоа бавниот систем.

Слични содржини